Општина Василево донираше уште 200 хуманитарни пакети

Донација, наслов

Денес , локалната самоуправа Василево и Општинскиот кризен штаб, поделија 200 пакети хуманитарна помош на семејства со социјален ризик, со што ја финализираа започната донација од 500 хуманитарни пакети – донација од семејството Заеви, која се одвиваше со посредство на Здружението за хуманитарни цели „Сите заедно можеме“.
„Како локална самоуправа и Општински кризен штаб, наша обврска е постојано, а особено во вакви кризни состојби, како што е моменталната предизвикана од Коронавирусот COVID – 19, да им помагаме на нашите сограѓани кои се посебно погодени, за да можат полесно да се справат со егзистенцијалните проблеми. Благодарни сме за донацијата од семејството Заеви со која директно помогнавме на 500 семејства, покажувајќи им дека и во вакви тешки моменти не се сами. Сметам дека ова е пред се наша човечка должност и апелирам до сите кои се во можност да помогнат онаму каде што е најпотребно.“, изјави првиот човек на општина Василево и Општинскиот кризен штаб, градоначалникот Марјан Јанев.

Донација, наслов

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail