Известување од ЈПКД Турија Василево: сметот во индустриската зона ќе биде подигнат во сабота

2222222222222

ЈПКД „Турија“, Василево ги известува сопствениците на стопански објекти во  индустриската зона Василево, кои ја користат услугата  „подигање на смет“,  дека сметот од нивните објекти, наместо во понеделник, ден во кој вообичаено се подига,  ќе биде подигнат во сабота на 23.05.2020 година.

Причината за ваквата промена  е поради тоа што понеделник, 25.05.2020 година е неработен ден.

Промената е еднократна и се однесува само за наведениот термин, што значи во иднина сметот од индустриската зона ќе се подига како и досега, во понеделник.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail