Апел до граѓаните на општина Василево

LOGO, Opstina Vasilevo

Кризниот штаб при Општина Василево апелира до граѓаните на Општина Василево , а особено до граѓаните на населеното место Градошорци да се воздржат од славење на верскиот празникот „Свети Никола” како селска и домашна слава. На тој начин   ќе го избегнат групирањето на лица (повеќе од две),  ќе се однесуваат одговорно и ќе ги почитуваат сите донесени мерки и препораки на Владата на РСМ и Министерството за здравство во поглед на спречување на ширењето на вирусот COVID-19 и за заштита на јавното здравје.

Од Општинскиот кризен штаб  оочекуваат разбирање од страна на граѓаните и порачуваат:Здравјето пред се!

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail