Известување за граѓаните за забраната за движење за време на викендот

забрането движење

На денешната Владина седница донесена е  одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд, односно за периодот од недела, 24.05. 2020 г.  до вторник, 26.05 2020 г.

Согласно Одлуката им се  забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11,00 часот до вторник, 26 мај, до 05,00 часот.

Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови и ќе трае  од 19 часот до 05 часот наутро наредниот ден.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail