Известување од МЗШВ за земјоделците

LOGO, Opstina Vasilevo

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои во периодот додека трае забраната за движење во недела 24.05.2020 година и понеделник 25.05.2020 година,  имаат потреба за извршување на земјоделски активности надвор од атарот на своите населени места, неопходно е телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност.

Потребата за движење за време на викендот, неевидентираните земјоделци треба да ја најават во Кризните штабови, еден ден однапред најдоцна до 20 часот . При тоа треба да дефинираат точно време и место на извршување на земјоделските активности.

Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, Станица, ОВР, СВР).

-Митко Јанев. 071/874-769
-Верче Миткова. 071/631-048
-Павлинка Николова. 077/543-814
-Наско Глигоров. 078/810-312
-Бранко Андонов 071/205/117
-Симона Стојанова. 077/931/587
-Горан Андонов. 071/239/344

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail