Се асфалтираше улица во с. Добрашинци

1

Општина Василево денес асфалтираше улица во населеното место Добрашинци, лоцирана во т.н Турско маало Улицата е долга 240 метри и широка околу 3,5 метри. Како што изјави градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој присуствуваше на денешното асфалтирање, со асфалтирањето на оваа улица се решава еден децениски проблем за жителите од ова населено место.

Изградбата на оваа улица беше планирана со Програмата за изградба на локални патишта и улици во општина Василево за 2019 година, преку која беа обезбедни  и средствата. Улицата не беше реализирана во текот на минатата година, бидејќи поради непочитување на Договорот од страна на градежната компанија избрана на тендер како изведувач, следуваше нов јавен повик и избор на фирма изведувач поради што планираните рокови беа пролонгирани.

Средствата за изградба на улицата во висина од околу 1 350 000 денари се обезбедени од општинскиот Буџет.

Изведувач на градежните активности е компанијата „Евроградба – Инженеринг“.

9

3

7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail