Се гради улица во индустриската зона во Василево

2

Со околу 4,9 милиони денари обезбедени од Советот за рамномерен регионален развој преку Центарот за развој на ЈИПР, општина Василево гради улица во индустриската зона. Улицата се протега помеѓу објектите на Тритерол и Евромак и е со должина од 231 метар и ширина од 6 метри.

„Стварањето услови за развој на локалната економија е еден од приоритетите на општина Василево чија примарна цел е подобрување на квалитетот и подигање на стандардите и условите за живот на сите граѓани. Индустриската зона во општина Василево е еден од генераторите на локалната економија а наша заложба и обврска како локална самоуправа е подобрување на условите за стопанисување, преку уредување на инфраструктурата“ изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој информираше дека општина Василево, преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион успеа да обезбеди средства за изградба на една улица во индустриската зона, кон која гравитираат неколку стопански објекти кои повеќе години активно функционираат.
Јанев нагласи дека со изградбата на оваа улица директно ќе се подобрат условите за работа на постојните стопански субјекти и генерално во перспектива ќе се створи подобра клима за стопанисување и економски развој на општината.

Улицата ќе се асфалтира во текот на наредната недела.

4

1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail