Распоред за упис на првачињата во ООУ„Гоце Делчев“, Василево

1

Уписот на деца во прво одделение  во ООУ„Гоце Делчев“, Василево за учебната 2020/2021 година,  ќе започне од  10 јуни и ќе трае до 25-ти јуни. Изготвен е распоред според кој стручните служби ќе ги посетат подрачните училишта во населените места:

РАСПОРЕД ЗА УПИС НА ДЕЦА ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2020 / 2021 ГОД. ПО НАСЕЛЕНИ МЕСТА

Дукатино …………………………………………(10.06.2020 – среда- 08.30 часоот)
Радичево …………………………………………(10.06.2020 –среда – 10.30 часот)
Владевци………………………………………….(11.06.2020 –четврток 09.00 часот )
Сушево      ……………….. ……………………..(12.06 .2020 –петок  8.30 часот)
Седларци………………………………………….( 15.06.2020 –понеделник  08.30 часот)
Ангелци ( македонски паралелки)…………(15.06.2020 –понеделник -09.30 часот)
Едрениково……………………………………….(16.06.2020 – вторник- 08.30 часот)
Ангелци  ( тур.ски паралелки)……………….(16.06.2020 – вторник -09.30 часот)
Василево ………………………………………….(22.06 .2020 , 23.06 .2020, 24.06.2020 , 25.06.2020 односно во деновите  понеделник, вторник, среда и четврток,  во 09.30 часот )

Според информација од директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Стојан Тимов, заради целосно почитување на мерките за заштита од Коронавирусот,COVID – 19 стручните служби на училиштето дополнително ќе ги информираат родителите/старателите  за точниот термин за упис на секое дете поеденично.

Потсетуваме дека уписот ќе се врши за деца родени од 01.01.2014 до 31.12.2014 година родени до 31.01.2015 година по барање на родител и мислење на стручната служба. Потребни документи за упис се:

-извод од матична книга на родени (за детето);
– потврда за примени вакцини ( од ЈЗУ Здравен дом, Струмица, одделение за вакцина);
– лична карта за идентификација на родителот;
– потврда од стоматолошки преглед издадена од надлежната здравствена установа.
Подетални информации  можат да се добијат на телефонските броеви: 071 392 – 840 (директор) и 078 347 -684 (психолог).
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail