Објавен тендерот за изградба на атмосферска канализација во Василево

113

На официјалната старна на Бирото за јавни набавки, општина Василево  објави  Оглас за јавна набавка: Изградба на атмосферска канализација од повеќенаменско игралиште  во Василево до 11-Септември.

„Реализацијата на овој проект во пракса ќе значи целосно и трајно решавање на проблемот со атмосферските води во овој дел од населеното место Василево, бидејќи оваа атмосферска канализација ќе се поврзе со постојната која беше изградена заедно со улицата од поштата до  повеќенаненско игралиште.  Реципиент на атмосферските води ќе биде реката Водочница, со што ќе го решиме проблемот што сега ни се јавува при обилни врнежи кога доаѓа до излевање на јамата во која завршува постојната атмосферска канализација“, информираше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.

Согласно техничката спецификација должината изнесува 956 метри, а проценетата вредност е 4 000 000 денари и истите се  обезбедени од општинскиот Буџет.

Крајниот рок за доставување на понудите е  18.06.2020 година. Заинтересираните економски оператори Огласот за јавната набавка можат да го најдат на следниот линк:

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/d937e36d-d8b1-473b-82f9-84dbca27c70f/14

 113

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail