Општина Василево ќе го уредува поројот во Градашорци – тендерот е објавен

reka, poroj Gradasorci_1266x960

На страната на Бирото за јавни набавки, општина Василево објави Оглас за јавна набавка, Изведување на градежни работи за регулација на река во населеното место Градошорци општина Василево во должина од 680 метри. Средствата во висина од  околу 6 500 000 или 75 % од вкупната вредност на проектот, општината ги  обезбеди од Министерство за животна средина и просторно планирање од Програмата за управување со водите за 2020 година, врз основа на Конкурс, на кој општината аплицираше.

Според податоците од проектната документација,  активностите опфаќаат уредување  на речното корито (поројот) во делот кој минува низ  опфатот на селото во должина од 680 метри. Коритото ќе се обложува со камен во цементен малтер, а за премостување прердвидена е изведба на армирани  плочасти пропусти.

Со реализацијата на овој проект ќе се реши проблемот со поплавување на домаќинствата и  објектите, како и  оштетувањата на постојниот асфалт покрај речното корито, кои при обилни врнежи најчесто страдаат поради излевањето  на водата од коритото.

Проценетата вредост на проектот изнесува околу 8 670 000 денари.

Заинтересираните економски оператоти целокупната тендерска документација можат да ја најдат на веб страната на Бирото за јавни набавки на следниот линк:

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/72db035f-7ad0-4a5a-91a6-b2c9d0e10c2d/14

Краен  рок за доставување на документите: 23.06.2020, 12,00 часот

reka, poroj Gradasorci_1266x960

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail