Советот на општина Василево ја одржа 34-та седница

DSC_0131_1280x851

Денес, Советот на општина Василево ја одржа редовната 34-та седница на чиј дневен ред беа три точки и истите беа усвоени. Првите две беа од областа на урбанистичкото планирање и се однесуваа на Програмата за урбанистички планови во општина Василево за 2020 година која на оваа седница со Одлука на Советот претрпе измени и дополнување во делот на изработката на локална урбанистичко – планска документација и тоа за КП бр. 1692/2, дел од КП бр.1691 и дел од КП бр. 1709/2 , сите во КО Градашорци вон г.р за намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија.

Повеќе дискусија предизвика третата точка, која како дополнителна стана составен дел од дневниот ред за денешната седница: Барање позитивно мислење  за Договор за воспоставување на јавното приватно партнерство за давање на енергетски услуги на јавното осветлување. Во образложението дадено  од соодветните  службеници  од општинската администрација, Проектот за воспоставување на ЈПП со ЕСКО компанија за давање на енергетски услуги во делот на јавното осветлување, што општина Василево го спроведува во соработка со повеќе релевантни субјекти, е во фаза на потпишување на Договор со ЕСКО компанијата, во случајот,  Македонски Телеком, АД за електронски комуникации, Скопје, чија понуда по објавениот јавен повик, од страна на Комисијата за јавни набавки е избрана како најповолна.  Предмет на Договорот е модернизација на јавното осветлување во општина Василево. ЕСКО компанијата со сопствени средства, некаде до крајот на 2020 година ќе изврши модернизацијата на мрежата за улично осветлување, преку замена на постојните со еколошки, штедливи светилки и во наредните 5,5 години преку заштеда на електрична енергија ќе си ја врати инвестицијата. Согласно предвидувањата во тој период општина Василево, врз основа на заштеда на електрична екергија би требало да инкасира околу 600 000 денари. Во наредните 6 години, до истекот на Договорот,  по основ на заштеди од јавното осветлување, општината би требало да инкасира 17 000 000 денари, средства кои би можела да ги инвестира согласно потребите.

Вкупното времетраење на овој Договор, кој денес беше усвоен со 9 гласови „за“ е 144 месеци. По истекот, целокупната опрема вложена од страна на ЕСКО компанијата останува во сопственост на општина Василево.

Целиот овој процес е раководен од Европската банка за обнова и развој во соработка со Секретаријатот за енергетската заедница со кој Република Северна Македонија има потпишано Договор за соработка, а општина Василево е една од првите општини во РСМакедонија во која истиот се имплементира.

 DSC_0144_1280x851

DSC_0136_1280x851

DSC_0142_1280x851

DSC_0149_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail