Започна изградбата на каналот во Градашорци

naslov

Од денес, со воведување во работа на градежната компанија „Жикол“, општина Василево започна со  реализација на уште еден капитален проект од областа на комуналната инфраструктур, односно регулација на поројот во с. Градашорци кој минува низ  центарот на ова населено место.

Планираните активности опфаќаат уредување  на поројот (речното корито) во делот кој минува низ  опфатот на селото во должина од 680 метри. Коритото ќе биде  обложено со камен а за премостување прердвидена е изведба на армирани  плочасти пропусти.

Со реализацијата на овој проект ќе се реши проблемот со поплавување на домаќинствата и  објектите, како и  оштетувањата на постојниот асфалт покрај речното корито, кои при обилни врнежи најчесто страдаат поради излевањето  на водата од коритото.

Вкупниот буџет за реализација на овој проект, согласно Договорот со фирмата изведувач изнесува околу 7 800 000 денари. Дел од нив односно околу 6 500 000 денари  општината ги обезбеди од Министерство за животна средина и просторно планирање од Програмата за управување со водите за 2020 година а остатокот се средства од општинскиот Буџет.

Согласно предвидената динамика  поројот комплетно треба да биде завршен до во период од четири месеци.

1_1280x960

6_1280x960

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail