Асфалтирање на улици во населеното место Висока Маала

naslov

Во населеното место Висока Маала општина Василево, односно градежната копмпанија ангажирана од општината започна со асфалтирање на улиците чија изградба започна неодамна.  Две од улиците се во т.н горен дел,  а две во долниот дел на селото. Се  работи за помали улици,  со различни должини и ширина од околу 3,5 метри,  за кои  средствата се обезбедени од Буџетот на општина Василево, во рамки на Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2019 година.

Како што неодамна информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев,  приоритет за изградба токму на овие улици дале  жителите на Висока Маала, на средбите кои градоначалникот редовно ги реализира со жителите и на кои се одредуваат приоритетите во населените места.

Асфалтирањето на  овие улици значи   подобрување и осовременување на   локалната патна инфраструктура, која позитивно ќе се одрази на целокупните услови за живот во ова населено место, а во крајна линија и континуитет во заложбите на општина Василево за асфалт до секој дом, изјави градоначалникот Јанев.

Изведувач на работите на терен е градежната компанија Портланд.

1

2

4

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail