Општина Василево ќе започне со инсталацијата на лед светилки на уличното осветлување

led svetilki

Деновиве во општина Василево ќе започне инсталацијата на штедливи лед светилки на мрежата на  уличното осветлување. Проектот се реализира по ЕСКО  модел со јавно-приватно партнерство. ЕСКО партнер кој на терен ќе ги реализира активностите е компанијата  „Македонски Телеком“, со која општината по објавената јавна набавка, потпиша Договор за   реконструкција и одржување на јавното осветлување преку воведување мерки за енергетска ефикасност според ЕСКО модел.

Со проектот е опфатена комплетната мрежа во сите населени места на општината. Телеком како ЕСКО фирма ќе треба да инсталира 1110 нови ЛЕД светилки со различна јачина во зависност од позицијата. Опфатени ќе бидат и спортските игралишта.

,,Со овој проект кој е поддржан од Европската банка за обнова и развој значително ќе се подобри енергетската ефикасност во општина Василево. Како општина  ќе добиеме ново улично осветлување и заштеди со кои во наредниот период ќе се исплати инвестицијата, што значи нема исплата на пари од Буџетот при што граѓаните нема да бидат дополнително финансиски оптоварени. Улично ќе плаќаат како и досега а ќе добијат поквалитетно осветелување. По завршување на договорот ние го добиваме улично со ЛЕД светилки за кое како општина ќе се грижиме но и заштедите по овој основ, изјави градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев.

Демонтажата на сегашните и инсталирањето на новите ЛЕД светилки како и  нивно одржување во наредните шест и пол  години ќе чини околу 330 илјади евра, средства кои ќе бидат обезбедени по основ на заштеда на електрична енергија благодарение токму на новите лед светилки, што значи дека ниту ниту општината, ниту  граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци по тој основ.

Обврската за граѓаните по основ на улично осветлување и понатаму останува иста, а осветлувањето ќе биде поквалитетно.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail