Советот на општина Василево ја одржа 35-та седница

naslov

Денес, Советот на општина Василево ја одржа редовната 35-та седница, на која осумте предлози од дневниот ред  го добија потребното мнозинство.

Од бласта на образованието,  на дневен ред беа Програмите за работа на двете основни општински училишта, ООУ „Гоце Делчев“, Василево и ООУ „Атанас Нивичански „Нова Маала“, за учебната 2020/2021 година, која како што рече директорката на ООУ „Атанас Нивичански“, Соња Ничева, сеуште не знаат кога точно ќе започне, бидејќи ги очекуваат најновите насоки  од надлежните институции. Усвоен беше и Извештајот за  работата на ООУ„Атанас Нивичански“, с. Нова Маала за учебната 2019/2020 година, како и Финансискиот извештај на ЈПКД „Турија“, Василево за првото полугодие од 2020 година односно за периодот од  01.01.2020 до 30.06.2020 година.

Советот ја усвои и Предлог-одлуката  за  пренесување на правото на користење и управување со водоснабдителниот систем за с. Седларци на ЈПКД „Турија“, Василево. Потребното мнозинство го дибија и  двете барања за финасиска поддршка од кои едното поднесено од Здружението на тутунопроизводители Басмак од Василево, а  другото од група граѓани од населеното место Владевци,  за финансиска помош од страна на општината во изградбата  на една од улиците  во ова населено место.

Советниците донесоа и една одлука од областа на урбанизнот, заради вклопување на бесправно-изграден деловен објект на к.п бр. 2350 во КО Василево.

DSC_0235_1280x851

 

DSC_0233_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail