Асфалтирана улица во центарот на Висока Маала

naslov

Општина Василево асфалтираше улица во населеното место Висока Маала. Улицата е во центарот на селото, покрај зградата на подрачното основно училиште и „мегданот“. Со оваа активност решен е  проблемот со лошата состојба на овој дел од патот, кој беше изграден од бетон и до моментот на асфалтирање беше во  екстремно лоша состојба со многу дупки кои го отежнуваа секојдневното  движење на жителите  од ова населено место, посебно во зимски услови.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев, кој беше присутен на асфалтирањето, приоритет за асфалтирање на оваа улица и дадоа жителите на Висока Маала,  на средбите кои беа реализирани при креирањето на Буџетот на општина Василево за 2020 година.

Должината на улицата е 70 метри а ширината 4,5 метри.  Средствата во висина од околу 305 000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Василево. Изведувач на работите е градежната компанија Портланд.

Со изградбата на оваа улица постигнато е целосно асфалтно поврзување на главната улица во ова населеното место.

2_1280x960

3_1280x960

4_1280x960

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail