Општинскиот Совет даде согласност за настава со физичко присуство на учениците

sala na Sovet

Денес, на Вонредна седница, членовите на Советот на општина Василево, донесоа Одлука со која дадоа согласност за организирање на настава со физичко присуство за учениците од од IV до  IX одделение во општинските основни училишта во општина Василево.

Деновиве во тек е и анкетата со родителите  на учениците од IV до  IX одделение кои треба да се изјаснат во врска со една од двете понудениу опции: дали нивното дете ќе посетува настава со физичко присуство во согласност со протоколите за безбедно одвивање на наставата или пак наставата ќе ја следи on-line.

Инаку според информациите од директорите на двете основни општински училишта, Соња Ничева и Стојан Тимов,  вкупниот број на ученици за учебната 2020/2021 во ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала изнесува 358 од кои 40 првачиња, а во  ООУ „Гоце Делчев“, Василево вкупниот број е околу 700 од кои 69 се првачиња, со тоа што бројот на првачињата и во двете училишта не е конечен.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail