Започна изградбата на детската градинка во с. Ангелци

6

Денес, во населеното место Ангелци, започнаа активностите  за изградба на нова детска градинка, наменета пред се за згрижување на дечињата од населените места Ангелци, Градашорци, Седларци и  Едрениково.

Градинката се гради согласно Програмата на Владата на РСМ за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2020 година.

Општина Василево и Министерството за труд и социјална политика, на почетокот од оваа година,  потпишаа Договор за заедничка соработка и делување во рамките на своите стратешки определби преку поддршка на активности од јавен интерес за унапредување, промоција и поддршка на политиките за развој на детската заштита, со цел да придонесат за зголемување на опфат на деца во детските градинки, согласно кој со средства обезбедени од МТСП, општина Василево, во населеното место Ангелци ќе добие новоизградена и целосно опремена детска градинка.

Од страна на општината обзбедена е парцела со сите потребни услови  за формирање и функционирање на градилиште, односно, приклучоци за струја и вода а по изградбата и греење и канализација.

Изградбата на објектот и неговото комплетно опремување ќе биде направено од страна на МТСП.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој денес присуствуваше на почетокот на градежните активности, градинката комплетно треба да биде завршена за 16 месеци.

Вкупниот Буџет за оваа инвестиција изнесува околу 15 000 000 денари и истите се обезбедени од Министерството за труд и социјална политика преку Програмата на Владата на РСМ за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2020 година.

3

2

4

5

13

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail