Општина Василево започна со инсталација на штедливите лед светилки на уличното осветлување

naslov

Од денес, практично, на терен,  започна реализацијата на  проектот за реконструкција и одржување на јавното осветлување во општина Василево. Инсталацијата започна од главната, односно влезната улица во населеното место Василево и согласно планот за активности ќе трае во наредните отприлика месец дена односно до целосна реализација на проектот кој опфаќа замена на вкупно  1110 светилки во сите населени места на општината.

„Жителите на населеното место Василево уште вечерва ќе го почувствуваат бенефитот од овој проект односно ќе ја увидат  разликата меѓу досегашното и новото јавно осветлување, кое според техничките карактерестики на светилките треба да го осветлува целиот простор,  без т.н темни точки меѓу два столба односно две светилки“, информираше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој присуствуваше на денешниот старт на активноста.  Јанев потенцираше дека особено важно е тоа што општина Василево без било какви зафаќања од сопствениот буџет  ќе добие квалитено улично осветлување со еколошки, штедливи светилки кои ќе продуцираат заштеди во сметките за јавно осветлување.

Со проектот е опфатена целокупната мрежа на јавно осветлување во сите населени места на општина Василево како и спортските игралишта.

Проектот се реализира по ЕСКО модел со ЈПП, а ЕСКО партнер е компанијата  Македонски телеком АД за електронски комуникации – Скопје.

Вкупниот буџет  на проектот извесува над  20 000 000 денари.

Целиот овој процес е раководен од Европската банка за обнова и развој во соработка со Секретаријатот за енергетската заедница со кој Република Северна Македонија има потпишано Договор за соработка а  општина Василево е една од првите општини во РСМакедонија во која проектот  се имплементира.1

2

5

vadi stara

mesti nova

novi na stolb

DSC_0296_1280x851

svetilka

svetilka1DSC_0262_1280x851

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail