Советот на општина Василево одржа Вонредна седница

DSCN5467

Денес, со почеток во 08,00 часот, Советот на општина Василево одржа вонредна седница со единствена точка на дневен ред: Годишен план за вработување на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за 2021 година. По образложението дадено за итноста на седницата, дека 30 септември е крајниот рок до кога Советот треба да го усвои Годишниот план за вработување и истиот да биде доставен до надлежните Министерства, Советниците го усвоија дневниот ред а позитивно мислење доби и Предлогот, односно Советот го усвои Годишен план за вработување на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за 2021 година.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail