Дневен ред за 36-та седница на Советот на општина Василево

sala-na-Sovet-676x300

На 05.10.2020 година (понеделник), со почеток во 12,30 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната триесет и шеста седница.

За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Измени и дополнување на Буџетот на општина Василево за 2020 година;
  2. Статут на општина Василево- Пречистен текст;
  3. Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитна 2019/2020 година;
  4. Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитна 2020/2021 година;
  5. Одлука за утврдување на Комисијата за прием на деца во ЈОУДГ „Прва радост“, Василево и утврдување на поблиските критериуми за прием на деца;
  6. Предлог-програма за измена на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2020 година
  7. Предлог-одлука за утврдување на надомест на надворешните членови на Комисијата за извршување на стручни и административно-технички работи.
  8. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Митко Крстов од с. Добрашинци
  9. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од МПЦ-ОА- Струмичка епархија, храм Успение на Пресвета Богородица, с. Василево
  10. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Џамискиот одбор од с. Нова Маала
  11. Предлог-Одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на општина Василево

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail