Советот на општина Василево ја одржа 36-та седница

LOGO-Opstina-Vasilevo-horz

Денес,  Советот на општина Василево ја одржа редовната 36-та седница на чиј дневен ред, по дополнувањето беа вкупно 13 предлози, меѓу кои како прва точка беа Измените и дополнувањата на Буџетот на општина Василево за 2020 година.  Според Образложението изготвено од одделението за Финансии, поради настанатата ситуација со Корона кризата дел од предвидените приходи,  како на пример  новите извори на средства предвидени и одобрени од БРР кои не се во истиот обем како што се планирани во Буџетот за 2020 година,  се реализираат со помала динамика од предвидената,  „Средствата што ќе се трансферираат до крајот на буџетската година не можат да ги покријат усвоените Програми, при што должни сме да извршиме корекција на Буџетот во одредени Програми за кои се наменети тие средства“, стои во образложението дадено од Одделението за финансии.

Во капиталните програми корекцијата е од предвидени 38 820 000 денари на 30 395 000 денари. Во основниот Буџет корекцијата е од 87 700 000 на 79 360 000 денари, додека кај Дотациите има зголемување и тоа од планирани 75 306 000 на 79 505 705 денари. Корекции има и кај Донациите , односно намалување на средствата од планирани 2 000 000 денари на 1 877 422 ден, како и намалување кај  кредитите од 4 370 000 денари на 4 173 533 денари.  Предлогот беше усвоен со осум гласови „за“.

Без дискусии и забелешки усвоени беа и Статутот на општина Василево- Пречистен текст, Годишниот  извештај за работа на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево за воспитната  2019/2020 година, како и Програмата за работа наистата институција за тековната воспитна година, а позитивно мислење доби и Комисијата за прием на деца во градинката, во чиј состав се: Анита Калевска- претседател и Наташа Велкова и Драгица Василева како членови.

Со 9 гласови „за“, Советниците дадоа согласност и за Предлог-програмата  за измена на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2020 година.   Утврден беше и надоместок во износ од 2 000 денари годишно  за надворешните членови во Комисијата за извршување на стручни и административно-технички работи.

За Предлог-одлуката за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на општина Василево и Предлог-Одлуката за давање на користење на движни ствари, позитивно се изјаснија сите присутни Советници.

Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, образложи дека на ООУ „Гоце Делчев“ за потребите на организирање на on-line наставата, општина Василево му одстапува три компјутери, кои општината ги има добиено од Владата на РСМ. „ Компјутерите со Одлука на Влада и се дадени на општина Василево, а општината ги дава на времено користење на училиштето. Ние како општина дополнително дадовме компјутери, за да може  успешно да се организира наставата“, ибразложи градоначалникот Јанев кој нагласи дека реално има услови за одржување на наставата.

Советниците позитивно одговорија и на неколкуте  Барања за финансиска помош, поднесени од правни и физички лица, со исклучок на Барањето за финансиски средства поднесено од Џамискиот одбор од с. Нова Маала.

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail