Градоначалникот Јанев на средба во ТИКА

2

Градоначалникот  на општина Василево, Марјан Јанев, во  седиштето на ТИКА  (Turkish Cooperation and Coordination Agency) во Скопје,   оствари средба со претседателот на ТИКА во РСМ  Халим Омер Согут. Според информацијата од градоначалникот Јанев,  на средбата се разговарало за продолжување на соработката помеѓу локалната самоуправа и Агенцијата, особено во делот на вложување во инфраструктурата.

Во изминатиот период Општина Василево има долга и плодна соработка со ТИКА со чија поддршка се реализирано повеќе  проекти  главно во населените места  со турско население, меѓу кои се и  изградбата на нова училишната зграда  во Висока Маала,  платото  односно т.н „мегдан“ во истото населено место, оградувањето на турските гробишта во с. Градошорци, како и  учеството во реконструкцијата на ПУ „Гоце Делчев“ во с. Ангелци.

„Најбитно од се е тоа што бенефитот на ваквата соработка најдиректно го чувствуваат самите граѓани на општина Василево“, потенцира градоначалникот Јанев.

На средбата, градоначалникот Јанев бил во придружба на Халит Алиев, претставник од турската националност од населеното место Нова Маала.

1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail