Поставена нова метеоролошка станица

meteo,1

Викендов, општина Василево доби нова метеоролошка станица. Поставена е во населеното место Нова Маала  и истата ќе го покрива и подрачјето на  населените места Добрашинци, Чанаклија и Висока Маала. Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, метеоролошката станица е поставена во рамки на Договорот со кој општина Василево добива ново лед енергетско ефикасно улично осветлување.  Станицата ќе обезбедува податоци за температурата на воздухот,  воздушен притисок, брзина на ветар, влажност на воздух и сл.

На територијата на општина Василево, неодамна,  во соработка со  ЦРЈИПР,  Министерството за локална самоуправа на РС Македонија и Швајцарската Агенција за развој и соработка, слични метеоролшки станици беа поставени во атарите на населените места Ангелци и Пиперево.

meteostanica

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail