Во Варварица одбележана годишнина од историски настан

naslov

Денес, делегација од општина Василево предводена од градоначалникот на општината Марјан Јанев, со полагање свежо цвеќе пред  спомен плочата во Варварица, ја одбележа 76 годишнината од формирањето на Првиот Околиски комитет на народноослободителниот младински сојуз на Македонија и Првиот Народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко.

Поради актуелната ситуација со коронакризата предизвикана од пандемијата со COVID-19, изостана масовното одбележување на настанот, познат како Маршот за Варварица.

Со овој чин на полагање свежо цвеќе,  општина Василево го чува споменот за настаните од далечната 1944 година и воедно им изразува почит на сите учесниците во овој револуционерен чин.

v2

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail