Општина Василево ќе асфалтира 21 улица

5_1280x960

Општина Василево планира да асфалтира 21 улица, лоцирани  во повеќе населени места,  за што деновиве, по завршувањето на постапката за јавна набавка,  беше потпишан Договор со градежната компанија Пешо инженеринг од Струмица.

„Ова се улици кои како приоритети беа одредени од страна на самите граѓани на  средбите што ги правевме во месеците ноември и декември минатата година, кога ги планиравме Програмите и Буџетот за 2020 година“, информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Согласно Договорот во населеното место Василево ќе се асфалтираат четири улици на различни  локации и различни  должини. Исто толку улици ќе се асфалтираат и во населеното место Дукатино. По две улици ќе се асфалтираат во населените места Пиперево, Ангелци, Чанаклија и Радичево, додека во населените места  Седларци, Нова Маала, Едерениково, Добрашинци и Сушево планирано е да се асфалтираат по една улица.  Вкупната должина на сите овие  улици изнесува околу  2 900 метри и истите  како приоритени предлози се дадени од жителите на населените места, на минатогодишните средби со граѓани реализирани со градоначалникот и стручните служби од општина Василево.

Вредноста на оваа инвестиција, согласно Договорот потпишан со изведувачот изнесува околу 8,5 милиони денари, средства обезбедени од општинскиот Буџет.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail