Каналот во Градашорци се гради со предвидената динамика

naslov

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев заедно со претставник од општинското Одделение за урбанизам и  претсатвник од компанијата Хидроинженеринг- задолжена за надзор над градежните активности во општината, изврши увид во текот на градежните активности на изградба на каналот во населеното место Градашорци. „Работите се одвиваат со предвидената диманика, се е според планот, се работи квалитетно и очекуваме до средината на наредниот месец, каналот да биде комплетно изграден“, информираше градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев по извршениот увид во градежните активности.

Вкупната должина на делот од каналот што се уредува изнесува 680 метри и истиот е во опфатот на населеното место. Градбата е со камен и бетон. Премостувањето е решено со изградба на бетонски мостови.

Буџетот, согласно Договорот со компанијата изведувач изнесува 7 800 000 денари од кои околу 6 500 000 денари се обезбедени од Министерството  за животна средина и просторно планирање преку Програмата за управување со водите за 2020 година а остатотокот се сопствени средства на општината.

Изведувач на работите на терен е градежната компанија „Жикол“ од Струмица.

4

6

11

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail