Дневен ред за триесет и седмата седница на Советот на општина Василево

sala-na-Sovet-676x300

Во петок, 27.11.20220 година со почеток во 10,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 37-ма седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за основање на заедничко Јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња;
  2. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2020 година за периодот од 01.01.2020 до 30.09.2020 година (К-1);
  3. Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2020 до 30.09.2020 година (К-2);
  4. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2020 до 30.09.2020 година (К-3);
  5. Статут на општина Василево – Пречистен текст (исправка);
  6. Измена и дополнување на годишниот план за вработување за 2021 бр. 08-867/1 од 24.07.2020 година
  7. Завршна сметка за 2019 година на ООУ „Гоце Делчев“, Василево
  8. Годишен извештај за работата на ООУ „Гоце Делчев“, Василево за учебната 2019/2020 година;
  9. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“, Василево за утврдување на висината на паричниот надоместок за одвојување на водомер;
  10. Финансиски извештај на ЈП „Турија“, Василево за третото тромесечие за 2020 година од 01.01.2020 до 31.09.2020 година;
  11. Годишен план за вработување за 2021 година на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево;
  12. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Снежанка Мицова од с. Ангелци ;
  13. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Џамискиот одбор од с. Василево;
  14. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Црковниот одбор на црквата Св. Никола од с. Градашорци;
  15. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Лика Ристова од с. Нова Маала;
  16. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Црковниот одбор на црквата Св. Димитрија од с. Седларци;
  17. Донесување на Одлука по Барањето за финансиски средства поднесено од Илија Вражов од с. Пиперево.

Седницата ќе се одржи во просториите на општина Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail