Советот на општина Василево ја одржа триесет и седмата седница

naslov

Советот на општина Василево, денес, ја одржа редовната триесет и седма седница, на која беа усвоени сите предлози од  дневниот ред. Во врска со првиот предлог, Предлог-одлука за основање на заедничко Јавно претпријатие за заловување  и третман на бездомни кучиња, образложение даде директорката на ЦРЈИПР,  Жулиета Ѓуркова, по што советниците едногласно  го усвоија предлогот.

Позитивно мислење доби и Кварталниот извештај за третото тромесечие. Извештајот се однесува за периодот  од 01.01.2020 до 30.09.2020. Според образложението дадено од претставник на  Одделението за финансии,  од планираните 175 106 000 денари кај консолидираниот Буџет ( Буџетот на општина Василево со Буџетите на единките корисници односно училиштата и детската градинка) реализирани се 95 427 862 денари или 54,49 %.  Додека кај Основниот Буџет на општината реализацијата е 36,51 % или од планирани 87 700 000 денари реализирани се 32 021 021 денари. Реализацијата кај блок дотациите е 74,29%; кај самофинансирачките активности  изнесува 24,51%; додека кај кредите процентот на реализација е 95,50%.

Што се однесува до приходниот дел на Буџетот, реализацијата е 49,90% или состојбата по  одделни ставки е следна: реализацијата кај даночните приходи, во  кои спаѓаат данокот од доход, данок од добивка и данок од капитални добивки,  е 79,05% . Кај данокот на имот, реализацијата е 42,46%; кај даноците од специфични услуги реализацијата е 53,33%, а кај таксите за користење или дозволи за вршење на дејности реализацијата изнесува 32,32%.  Кај неданочните приходи по сите основи реализацијата е 25,53 % или изразено во бројки од планирани 1 050 000 ден. реализирани се 268 096 ден. Реализацијата кај капиталните проходи е 37,00% или од планирани 5 700 000 ден. реализирани се 2 439 146 ден. Реализацијата кај трансферите и донациите е 42,79%.

Во расходниот дел од планираните 87 700 000 ден. реализирани се 32 010 758 денари или изразено во  проценти 36,50%. Што се однесува до достасани а неизмирени обврски во текот на пресметковниот период , долгот на општина Василево  за тој период изнесува 69 198 820 денари.

Во делот на исплатата на задолжувањата по основ на кредити, исплатата не се врши според предвидената динамика и  општината има обврска по основ на рата во износ од 3 832 618 денари.

На оваа седница разгледани и усвоени беа и Исправката на Статутот на општина Василево (пречистен текст), Измената и дополнувањето на годишниот план за вработување за 2021 бр. 08-867/1 од 24.07.2020 година на општина Василево,  Завршната сметка за 2019 год.  на ООУ „Гоце Делчев“, Василево, како и Годишниот извештај за работата за 2019/2020 за истото училиште; Финансискиот извештај на ЈПКД „Турија“, Василево за третото тромесечие, Годишниот план за вработување за 2021 на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на истата институција.  Позитивно мислење добија и неколкуте Барања за финансиска помош поднесени до Советот на општина Василево од правни и физички лица.

DSC_0305_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail