Комлетно асфалтиран локалниот пат Чанаклија – Нова Маала

naslov

Со асфалтирањето на последните 1 700 метри заврши комплетната изградба на локалниот пат Чанаклија – Нова Маала чија вкупна должина е околу 4 км.,  а со тоа и поврзувањето со асфалт и нормализирањето на патната комуникација  на околу 1 500-те  жителите од двете населено места.

Средствата за изградбата на оваа последна делница, во висина од околу 12 000 денари општина Ваилево ги обезбеди од  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој.

Вкупната должина на овој локален пат изнесува околу 4 км и неговата изградба започна во 2013 година кога со средства од Агенцијата за државни патишта асфалтирани се 1,3 км. Изградбата продолжи во 2017 година, кога со средства обезбедени од Бирото за регионален развој, преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион асфалтиран е дел во должина од 1 км. но сега во насока од Чаканлија кон Нова Маала.  Со сегашното асфалтирање на последните 1,7 км. оваа повеќегодишна активност е целосно завршена, а жителите од овие две соседни населени места, добија квалитетно асфалтно поврзување кое позитивно ќе  влијае на повеќе сегменти од нивното секојдневно  живеење.

12

4

8

5

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail