Свечена седница на Советот на општина Василево

наслов

Денес, Советот на општина Василево одржа Свечена седница по повод 24-годишнината од одржувањето на Првата, Конститутивна седница и оснивањето на општина Василево.

Седницата, поради препораките за неодржавање на јавни настани и манифестации, беше скромна и без вообичаеното присуство на гости и пријатели на општината или

како што рече и градоначалникот на општината Марјан Јанев, во своето обраќање „за прв пат од оснивањето на општината, одбележувањето е навистина скромно, и во буквална смисла „во кругот на најблиските.Причината е позната: пандемијата со Copvid-19, која не натера да ја прифатиме новата реалност, да и се прилагодиме и да работиме и живееме согласно, веќе добро познатите препораки на Светската здравствена организација. Заштитните маски станаа наше секојдневие, а држењето растојание, безбеден простор за одвивање на активностите“.

Но и покрај вонредната состојба,  „нашата улога, нашата мисијаи  нашата цел како локална самоуправа и во вакви, по сите параметри вонредни околности, продолжува. Прилагодувајќи се на новонастанатата состојба, сметам дека успешно се вклопивме во новата реалност.Го продолживме континуитетот на изградба и развој на општината преку реализација на проектите, за кои сите ние овде присутните, во рамки на нашите надлежности дадовме свој придонес“, нагласи Јанев во своето обраќање пред членовите на општинскиот совет и вработените. Зборувајќи за постигнувањата и резултатите од последната година, потсети на реализираните проекти од кои најголемиот дел се од локалната патна инфраструктура, на  активностите во делот на комуналната сфера и заштитата на животната средина, притоа потсетувајќи дека континуитетот на изградба и развој на општината, започнат пред 24 година, продолжува во секој нов ден, затоа што, како што рече во завршниот дел од обраќањето  „заедничка желба и интерес на сите граѓани на општина Василево е таа да ни биде убаво место за живеење, дом кој заедно ќе го градиме и во кој заедно ќе живееме“.

Свое обраќање имаше и Претседателот на Советот на општина Василево, Крсте Панев, кој изрази задоволство од соработката и успешното прилагодување на состојбата во интерес на непрелено одбивање на општинските активности. „Чест ми е како претседател на актуелниот Совет  јавно да го споделам задоволството од можноста заедно  со сите вас членовите на Советот и градоначалникот, со Одлуките што ги носиме да се вградиме во развојот на нашата заедница и во развојот на секое населено место  посебно.Дури и во оваа, особено тешка за било какво нормално функционирање, 2020 година, успевавме,  секогаш кога беше неопходно, да обезбедиме мнозинство, да ги одржиме седниците,  и да ги  донесеме одлуките кои ќе овозможат  нормалното одвивање  на тековните  активности и функционирање на локалната самоуправа“, нагласи Крсте Панев во своето обраќање.

Седницата се одвиваше во присуство на членовите на општинскиот Совет и дел од вработените во општинската администрација.

DSC_0354_1024x681

DSC_0341_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail