Дневен ред за 39-та седница на Советот на општина Василево

sala-na-Sovet-676x300

На 23.12.2020 година (среда),  со почеток во 12,00 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 39-та седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-решение за формирање на привремена Комисија за изработка на Предлог- годишна програма за работа на Советот на општина Василево за 2021 година;
  2. Програма за работа на ЈПКД „Турија“, Василево за 2021 година;
  3. Предлог-програма за изградба и реконструкција на Детски градинки за 2021 година;
  4. Предлог-програма за изградба и реконструкција на водоводна мрежа во општина Василево за 2021 година;
  5. Предлог-програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води во општина Василево за 2021 година;
  6. Предлог-програма за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2021 година;
  7. Предлог-програма за локален економски развој на подрачјето на општина Василево за 2021 година;
  8. Предлог-програма за заедничка потрошувачка во општина Василево за 2021 година;
  9. Предлог-програма за поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација на локалните патишта и улици по населените места во општина Василево за 2021 година:
  10. Предлог-програма за одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2020/2021 година во зимски услови;
  11. Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2021 година;
  12. Предлог-програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2021 година;
  13. Предлог-програма за социјална заштита во 2021 година;
  14. Предлог-програма за начинот на пресметување на трошоците за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Василево за 2021 година;
  15. Предлог-програма за уредување на простор на градежното земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2021 година;
  16. Предлог-програма за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2021 година;
  17. Предлог-програма за комунални дејности на подрачјето на општина Василево за 2021 година;
  18. Предлог-програма за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2021 година;
  19. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во индустриска зона на општина Василево за 2021 година;
  20. Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Василево за 2021 година

Седницата ќе се одржи во просториите на општина Василево, со почеток во 12,00 часoт.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail