Средба со заменик министерот за труд и социјална политика

1

Денес, во својот кабинет, градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев оствари средба со з Енвер Хусејин, заменик министер за труд и социјална политика во Владата на Република Северна Македонија.

Според информацијата од градоначалникот Јанев на средбата се разговарало за соработката помеѓу овие две институции.

По средбата во кабинетот,  направен е заеднички увид во текот на градежните активности на детската градинка во с. Ангелци, за чија изградба средствата во висина од 14 400 000 денари општината ги обезбеди од Министерството за труд и социјална политика преку Програмата на Владата на РСМакедонија за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2020 година.

2

4

7

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail