Советот на општина Василево ги донесе Програмите за наредната година, Советниците од ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата

naslov

Советот на општина Василево, на денешната редовна 39-та Седница ги донесе Програмите за работа на општината за наредната 2021 година. Советниците од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ, со образложение дека материјалите се доставени со задоцнување, ја напуштија седницата и не учествуваа во нејзината работа. Образложение за доцнењето на доставата на материјалите даде градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој како причина  ја наведе специфичната состојба предизвикана со Коронавирусот, како последица на што дел од вработените се на боледување или се во самоизолација, а дополнително потенцираше дека оваа седница и наредната на која ќе се носи Буџетот на општината, Претседателот на Советот ги најавил на претходно одржаната.

Програмите беа донесени со мнозинство од сите присутни советници.  На седницата беше формирана и Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на општина Василево за наредната 2021 година во состав: Блаже Коцев како претседател и Христина Гошева, Сања Стојанова, Марјанчо Трајков и Тони Малчев како членови.

На оваа седница усвоена беше и Програма за работа на ЈПКД „Турија“, Василево за 2021 година.

Како дополнителни предлози на денешниот дневен ред беа доставени и усвоени и  Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2021 година, Програмата за одржување и проширување на уличното осветлување во општина Василево за 2021 година како и Одлука за измена и дополнување на Одлуката за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња,  донесена на една од претходните седници.

На наредната и последна седница за 2020 година, советниците ќе расправаат за Буџетот на општината за наредната година.

DSC_0384_1280x851

DSC_0386_1280x851

DSC_0389_1280x851

DSC_0394_1280x851

DSC_0397_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail