Да празнуваме одговорно

LOGO-Opstina-Vasilevo-horz

Почитувани сограѓани,

Месец јануари, традиционално е месец исполнет со  многу дружење, месец на многу  празници,  поминати со пријателите и роднините, месец на училишен распуст и повеќе време исполнето со заеднички средби и активности со поширок круг на луѓе.

Но овој јануари е поинаков од сите досегашни поради што и нашето однесување мора да биде поразлично. Во интерес на нашето и здравјето на нашите најблиски, во интерес на јавното здравје и успешната борба на здравствените работници во справувањето со коронавирусот, неопходно е почитување на сите здравствени протоколи.

Недозволиво  е  групно  прославување,  журки  и забави,  славење по дома,  во викендички или изнајмен простор. Сето тоа мора да го одложиме за некое идно, побезбедно време, кое само од нас и од нашето одговорно однесување зависи колку брзо ќе дојде. Затоа,  во овој период неопходно е да празнуваме одговорно.

Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата на Република Северна Македонија, односно мерките и активностите за справување со пандемијата со коронавирус, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е ставен во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201  и меил адресата  mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано прославување во текот на претстојните празници.

Полицијата ќе постапи по пријавите и ќе преземе мерки во координација со јавното обвинителство за санкционирање на непочитувањето на мерките и препораките кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести односно Одлуките кои ги носи Владата на Република Северна Македонија.

Со почит,
општина Василево
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail