Советот на општина Василево ја одржа 41-та седница

naslov

Денес Советот на општина Василево ги  разгледа и усвои Извештаите за работа на општина Василево за четвртиот квартал од 2020 година односно Квартален извештај за извршување на Буџетот (К-1), Квартален извештај за доспеаните а наизмирени обврски (К-2) и Кварталниот  извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општината (К-3), сите за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година. Согласно образложението дадено од раководителот на одделението за финансии во општина Василево, Ристо Михаилов, реализацијата кај консолидираниот буџет во чиј состав се и буџетите на корисниците единки, т.е општинските основни училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала и детската градинка „Прва радост“ Василево, е околу 81,5 %, додека кај основниот Буџет на општината реализацијата е 69,5%. Реализацијата кај блок дотациите е 69%, а кај кредитите и донациите 100%. Кај приходите, конкретно кај данокот на приход,  реализацијата е 75%, кај неданочните приходи 55%, кај капиталните приходи 56% а кај трансферите и донациите реализацијата е 68%. Што се однесува до расходниот дел, Михаилов информираше дека реализацијата е 40%, со образложение дека од вкупниот обрт на општината кој изнесува околу 86 800 000 денари, на капитални расходи отпаѓаат 50 500 000 денари. Усвоена беше и Предлог-одлуката за проширување на средствата  на Буџетот на општина Василево за 2021 година, која според образложението дадено од раководителот на одеелението за финасии, се однесува на дел од средствата на детската градинка и општинските училишта.

Советниците ја донесоа и Програмата за работа на Советот на општина Василево за тековната 2021 година како и   Извештај за реализацијата на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици  во општина Василево за 2020 година. На барање на црковниот одбор на црквата Св. Петка во Требичино,  одобрена беше  финансиска помош за нејзина реконструкција и реновирање.

Кало дополнување на дневниот ред на денешната седница  беше и Информацијата за изработка на интегриран план за локален развој на општина Василево за периодот 2021-2024 година.

 DSC_0440_1280x851

DSC_0443_1280x851

 

DSC_0449_1280x851

DSC_0451_1280x851 DSC_0456_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail