Општина Василево ги уредува пороите во Радичево и Градашорци

2

Во населеното место Радичево, деновиве интензивно се работи на уредување на дел од поројот,  лоциран покрај главниот пат.  Станува збор за бетонски канал од отворен тип  со вкупна должина од околу 95 метри и еден плочест премин за премостување.

Веднаш по  неговото завршување, градежната компанија, ангажирана за изведба на овој проект, продолжува со изградба на ист ваков канал во населеното место Градашорци, во т.н Турско маало. Должината на каналот во Градашорци е околку 180 метри и истиот,   планирано  е да има четири плочести премини за премостување. Средствата за реализација на овие два канали изнесуваат  околу 650 000 денари  и истите се обезбедени од општинскиот Буџет.

Изведувач на работите е градежната компанија Портланд.

1

3

4

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail