Објавен Конкурсот за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Конкурс

Почитувани,

Во тек е спроведувањето на проектот „Центар за помош и нега во домот“. Проект кој е развиен преку меѓуопштинска соработка помеѓу општина Василево и општина Ново Село во партнерство со „Црвен Крст на РСМ ОО Струмица, а ќе се спроведува на територијата на двете општини. Проектот е финансики поддржан од Министерстото за труд и социјална политика.

Целта на проектот е давање на услуги со кои ќе се обезбеди помош во вршење на основни и инструментални активности од секојдневниот живот за лица со намален функционален капацитет кои неможат сами да се грижат за себе, со цел да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.

За да се спроведе сето тоа, предвидено е теоретска и практична настава на негуватели кои преку обуката ќе се стекнат со знаења за да можат тие да ги пружат овие услуги директно на граѓаните кои имаат потреба од тоа.

Обуката е бесплатна а лицата кои ќе ја поминат обуката ќе имаат можност да се стекнат со сертификат за обавување на оваа дејност.

Според тоа Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Струмица ги повикува сите невработени лица од територијата на Општините Ново Село и Василево кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 26.02.2021 до 08.03.2021 година во просториите на Општинската организација Црвен крст Струмица, Општина Ново Село и Општина Василево или на телефонските броеви 075/670-075; 071/205-168; 072/252-022 како и на mail strumica.negacentar@redcross.org.mk секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Во продолжение интегралниот  текст на Конкурсот:

Конкурс за обука на негуатели за помош на стари и лица со попреченост

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail