ЈПКД „Турија“, Василево, врши ремонт на филтер станицата Ташли Баир

филтер станица

Од денес, па  во текот на наредните денови ЈПКД „Турија“,  Василево врши ремонт на филтер станицата на Ташли Баир, од која со вода за пиење се снабдуваат жителите  на населените места Василево, Ангелци, Градашорци, Едрениково како и објектите од индустриската зона. Целта е подобрување на квалитетот на водата, а ремонтот се состои во замена на активниот јаглен во филтрите.

Според информацијата од директорот на јавното претпријатие, Зоран Ѓоргиев, ремонтот опфаќа менување на активниот јаглен во сите шест филтри на станицата. „Овој процес нема да го  наруши редовното снабдување со вода, бидејќи промената ќе се врши етапно, односно филтрите ќе бидат полнети еден по еден, што значи дека додека се врши замена во еден филтер, останатите пет се во функција“, информираше директорот Ѓоргиев, кој притоа нагласи дека за време на овие активности, водата останува исправна за користење.

Според него, ремонтот односно замената на активниот јаглен е согласно планот за работа на јавното претпријатие. Заменета,  препорачливо е да се врши на секои две до четири години како би се обезбедил квалитет на водата која се испорачува до граѓаните. Активниот јаглен е набавен со сопствени средства на комуналното претпријатие. Ваков ремонт претходно беше извршен  во 2018 година.

Како што информираат од  ЈПКД„Турија“,  соглсно планирањата, ремонтот би требало да заврши до крајот на оваа недела.

Активниот јаглен  е набавен од сопствените извори на приходи на ЈПКД „Турија“, Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail