Заврши ремонтот на филтер станицата Ташли Баир

филтер станица

ЈПКД„Турија“, Василево  заврши  со ремонтот на филтер станицата на Ташли Баир. Според информацијата од директорот на комуналното претпријатие Зоран Ѓоргиев, активностите се одвивале согласно планот и предвидената динамика.   Активниот јаглен кој служи за филтрирање на водата  бил заменет во сите пет филтри без притоа да биде нарушено редовното снабдување  на граѓаните со чиста вода за пиење.

Ваков ремонт е извршен и во 2018 година, а според информациите од ЈПКД „Турија“, истиот треба да се прави на секои две до четири години, како би се обезбедил континуитет во квалитетот на водата која им се испорачува на граѓаните.

Од овој водоснабдителен систем со вода за пиење се снабдуваат жителите на населените места Василево, Ангелци, Градашорци, Едрениково како и објектите од индустриската зона.

Активниот јаглен,  ЈПКД „Турија“, Василево го има набавено  од сопствени средства.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail