Викендов се асфалтираше во с. Дукатино

3

Градежната компанија Пешо Инженеринг, ангажирана од локалната самоуправа Василево, викендов асфалтираше во населеното место Дукатино.

Асфалтирани беа четирите улици планирани со Програмата за изградба  на локални патишта и улици за 2020 година и тоа: улицата што води кон бунарот во должина од 80 м. улицата кон селските гробишта во должина од  90 м. улицата кон училиштето, 35 метри и улицата кон игралиштето во должина од 100 метри.

Средствата во висина од  околу 960 000 денари се обезбедени од општинскиот Буџет.

Приоритет за асфалтирање токму на овие улици, како што информираше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев преку својот  ФБ профил (https://www.facebook.com/profile.php?id=100063647856196) и  ФБ профилот на општина Василево (https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan), дадоа граѓаните од ова населено место на средба одржана  со градоначалникот.

Јанев исто така информира дека  во текот на летниот период во ова населено место ќе бидат асфалтирани и други улици, кои се планирани со Програмата за 2021 година, а досфалтирана ќе биде и улицата лоцирана после повеќенаменското игралиште.

5

9

13

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail