Радичево и Дукатино се вклучуваат во организираното собирање на отпад

kontenjeri

Населените места Радичево и Дукатино, со одлука на УО на ЈПКД „Турија“ и Одлука на Советот на општина Василево, од месец јуни,  се вклучуваат во задолжителното организирано собирање на отпад од домаќинствата. Отпадот ќе се собира од страна на комуналното претпријатие „Турија“,  Василево, кое поседува дозвола за собирање и транспортиње на отпад.

Отпадот ќе се подига секоја среда а домаќинствата имаат обврска  истиот да го собираат во сопствени садови (буре, канта…) и во среда да го остават на места достапни за подигање односно на своите порти.

Цената за оваа услуга изнесува 150 денари и истата ќе почне да се фактурира од месец јуни. Во текот на месец мај собирањето на отпадот од домаќинствата ќе биде бесплатно со цел во тој период да се направат неопходните подготвки за успешно спроведување на Одлуката, односно  сите граѓаните да бидат информирани и запознаени, а  ЈПКД „Турија“,  да може во својата база на податоци книговодствено да ги внесе домаќинствата од овие две населени места.

Задолжителното вклучување во организираното собирање на смет е за доброто на целата заедница бидејќи  ќе резултира со заштита на животната средина и намалување на дивите депонии.

До сега, во задолжителното, организирано собирање на отпадот, целосно се вклучени домаќинствата од населените места Василево, Ангелци, Градашорци, Пиперево, Владевци и Сушево.

Во наредниот период целосно ќе бидат вклучени и останатите населени места од општина Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail