Горан Андонов – службеник за млади во општина Василево

Горан

Општина Василево го назначи Горан Андовов, вработен во општинската администрација,  за службеник за млади, односно лице одговорно за работењето на Канцеларијата за млади, чија задача е  координирање, спроведување и следење на прашања од интерес на младите во делокругот на надлежноста на локалната самоуправа.

Согласно Законот за младинско учество и младински политики, основните задачи и обврски на службеникот за млади  главно се однесуваат на развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики. Целта е преку одржување на комуникација и соработка со младинските форми на здружување како и преку консултации со младите  во континуитет да се следат потребите на младите, заради нивна активна вклученост во креирање на  општинските политики и поддршката на работата на општината.

Службеникот за млади согласно законските обврски, а заради постигањето на целите ќе води и база на податоци за младинските активности, формите на младински здружување и неформалните младински групи, ќе комуницира со Агенцијата за млади и спорт и ќе биде контакт за сите прашања од значење и интерес на младите во општина Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail