Неколку улици во општина Василево се подготвуваат за асфалтирање

naslov

Општина Василево деновиве работи на подготовка на теренот за асфалтирање на неколку улици. Како што информираше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, преку својот ФБ профил  (https://www.facebook.com/profile.php?id=100063647856196) и  ФБ профилот на општина Василево, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan, се работи за подготовка на вкупно пет улици од кои четири во населеното место Василево и една во населеното место Сушево. Во Василево ќе бидат асфалтирани вкупно 420 метри, односно една улица од 160 м, една од 104 м, една од 85 и една од 70 метри, за што од општинскиот Буџет се обезбедени околу 1 200 000 денари.

Во населеното место Сушево за асфалт се подготвува улицата што води кон црквата чија должина изнесува 112 метри. Буџетот за изградба и на оваа улица е обезбеден од општинската каса и изнесува околу 320 000 денари.

Според информацијата од градоначалникот, следни за асфалтирање се планираните улици во населените места Пиперево, Ангелци, Нова Маала, Доброшинци, Чанаклија, Седларци и Едрениково.  Сите овие улици се од Програмата за изградба на улици и патишта на општина Василево за 2020 година и за сите нив средствата се обезбедени од општинскиот Буџет.

Изведувач на градежните работи на терен е градежната компанија Пешо инженеринг.

1 4 11

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail