Во општина Василево се спроведе крводарителска акција

naslov

Денес, во Василево, во организација на ОО на Црвен Крст Струмица, Заводот за трансфузиона медицина, Струмица и со  поддршка на локалната самоуправа, се спроведе акција на доброволно дарување на крв. Граѓани на Василево, вработените во локалната самоуправа, во ЈПКД „Турија“ и  во училиштето  и  овојпат ја покажаа својата хуманост на дело и како дел од огромното семејство на  крводарители  со својата скапоцена течност се вклучија во спасувањето на нечиј живот.

Акцијата се спроведе во просториите на на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево, во согласност на протоколите за заштита од Коронавирусот COVID-19.

 DSC_0486

DSC_0489

DSC_0491

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail