Советот на општина Василево ја одржа 45-та седница

naslov

Денес, Советот на општина Василево ја одржа редовната 45-та седница, на чиј дневен ред,  по дополнувањето имаше вкупно шест  предлози и сите беа усвоени.

Од Центарот за јавно здравје Струмица, на разгледување и усвојување до Советот на општина Василево беа доставени Стручно мислење за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и сузбивање на вектор преносливите заболувања на територијата на општина Василево и Предлог-акционен план за ставање под контрола на вектор преносливите заболувања со примена на краткорочни и долгорочни мерки во општина Василево. И двата предлози беа усвоени едногласно. Останатите четири точки беа барања за финансиска помош од правни и физички лица. За сите беа донесени одлуки со кои на барателите им  се одобрува одредена сума на парични средства.

1

2

3

4

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail