Во вторник ќе се прска против комарци

komarec

Во вторник, 08.06.2021 година во периодот од 20,00 до 04,00 часот, на територијата на општина Василево ќе се изврши првото прскање против возрасни комарци.

Според информацијата добиена од Југоисточниот плански регион, првото прскање против возрасни комарци на територијата на десетте општини во ЈИПР ќе се спроведе  во периодот од 07 до 09 јуни 2021 година, по следниот распоред:

  • на 07.06.2021 година (понеделник), во период од 20 до 04 часот во општините Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци.
  • на 08.06.2021 година (вторник), во период од 20 до 04 часот во општините Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
  • на 09.06.2021 година (среда), во период од 20 до 04 часот во општините Радовиш и Конче.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail