Асфалтирана улицата во с. Сушево што води кон црквата

naslov

Во населеното место Сушево заврши изградбата на  улицата која води кон селската црква. Должината на асфалтната лента  изнесува 112 метри а  ширината околу 3 метри. Со изградбата на улицата опфатена е и целосна реконструкција на постојниот потпорен ѕид во должина од 30 метри и висина од околу 1,3 метри.

Вкупниот Буџет за оваа инвестиција изнесува околу 320 000 денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Василево.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, објавена на   ФБ профилот на општина Василево, https://www.facebook.com/opstina.vasilevo.marjan,  оваа улица е од Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2020 година  и истата како приоритет за изградба е предложена од  граѓаните на ова населено место на една од средбите со градоначалникот, при планирањето на општинските Програми.

Изведувач на градежните работи на терен е компанијата Пешо инженеринг.

6_1280x960

7_1280x960

8_1280x960

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail