Општина Василево меѓу најтранспарентните општини во регионот

Untitled,1

Според истражувањата на Индексот на активна транспарентност 2021 година, спроведени од страна на  Центарот за граѓански комуникации, општина Василево е на третото место во рамки на Југоисточниот плански регион и на дваесето место во рамки на државата. Со вкупно 84,1% од можни  100%, општина Василево се вбројува во првата група институции за кои според истражувачите, активната транспарентност е опишана како „многу добра“.

Ставот на градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев е дека ваквото рангирање е само мотив повеќе општина Василево да продолжи со објавување на сите информации  кои се од  интерес на граѓаните. „Тргнувајќи од фактот дека под  активна транспарентност се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нас барање за пристап до тие информации, како општина можеме да бидеме задоволни од моменталната состојба и ова рангирање ни е само дополнителен мотив да продолжиме во нагорна линија, односно по сопствена иницијатива да  ги објавуваме сите информации кои се од интерес на граѓаните“.

Истражувањето е спроведено врз основа на претходно изработена методологија и структурирани прашалници за состојбата на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите на интернет страниците на институциите.

Untitled,1

transparentnost

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail