Доделени сертификати за негуватели на стари и лица со попреченост

naslov

Денес, во просториите на ОО на Црвен крст во Струмица, во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој општина Василево го спроведува во партнерство со општина Ново Село, Црвен крст Струмица и МТСП, доделени се сертификати за успешно завршена обука за негуватели на стари лица  и лица со попреченост. На церемонијата на доделување на сертификатите присуствуваше и градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев кој изрази благодарност до сите вклучени партнери во проектот и посака соработкта да продолжи и во иднина.  „Со проектот за подобрување на социјалните услуги, финансиран преку Министерствот за труд и социјална политика и заем од Светска банка, веќе трасираме еден правец на планирана и континуирана помош на граѓаните. Во рамки на проектот во општина Василево се обучени пет лица кои ќе даваат услуги на десет корисници. Наша цел како општина е да прераснеме во средина која ќе нуди квалитетна заштита на граѓаните а со тоа и подобрување на условите за живот. Во овој проект општина Василево   е партнер со Општина  Ново Село  и ОО на  ЦК  Струмица,  затоа сакам да изразам огромна благодарност до ЦК и МТСП и сум сигурен дека оваа одлична соработка ќе продолжи и во иднина а на Вас лицата кои бевте обучени и добивте сертификат за извршената обука Ви честитам и Ви посакувам успешна работа.“,

Во рамки на проектот опремени се и две простории/канцеларии, по една во двете партнерски општини,  кои ќе служат како база и инфо центри за потребите на сите вклучени учесници, а набавено е и едно транспортно возило кое ќе биде во функција на извршување на секојдневните оперативи обврски на негувателите.

Во рамки на овој проект, лицата корисници, услугите кои се состојат во помош во извршување на секојдневните животни потреби,  ќе ги добиваат во својот дом.8

4

5

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail